|
|
Oва
е тимот на вашиот музички лидер:
Билјана Стефановска
Билјана е со вас секој работен ден од 07 до 10 часот во утринското
Breakfast Show и секој викенд во Happy Weekend во сабота и во недела
од 07 до 11 часот. Таа ве забавува и на крајот од секоја година
во нашето специјално Новогодишно Шоу, кое се емитува во последниот
ден од годината и е еден од најбараните женски вокали во Македонија
кога се работи за снимање на реклами.
Кире Христовски
Кире е сопственик и Директор на Радио 106, а покрај тоа тој е и
продуцент и водител со долгогодишно искуство. Тој е еден од продуцентите
на Breakfast Show, Утрински Експрес, Поп Монитор, Happy Weekend,
106 Treasures како и на повеќе секојдневни рубрики на 106-ка. Неговиот
музички избор го слушате секој ден на нашата фреквенција.
Маријан Христовски
Маријан е продуцент и маркетинг менаџер на Радио 106. Тој е и извршен
продуцент на некои емисии.
Милан Ризвановиќ
(Milan Variable)
Милан е Главен и Одговорен Уредник, продуцент и водител во 106-ка.
Како продуцент/водител се јавува во Radio Active, Cacatua Top 20
(најстарото радио шоу и топ листа во Македонија), Планета 106, Music
Week, Утрински Експрес, како и на повеќе секојдневни рубрики. Неговиот
музички избор го слушате во поголемиот дел од денот на нашата фреквенција.
Работи и како ремиксер и DJ со настапи ширум Македонија.
Зоран Мишевски
Зоран е познат спортски новинар кој покрај ангажманите во други
медиуми, на 106ка е уредник и презентер на спортските вести. Спортските
вести на 106-ка се емитуваат секој ден.
Коче Христовски
Коче е еден од продуцентите на Радио 106, кој ја уредува ноќната
и утринската програма на 106ка. Коче е еден од продуцентите на Спортските
Вести, Утринскиот Експрес и други делови од програмата на музичкиот
лидер. неговиот музилки избор го слушате во утринските часови.
Стефан Димитровски
Стефан го слушате секоја недела од 15 до 16 часот во Поп Монитор,
долгогодишна емисија посветена на македонската музичка сцена, која
значи за најпрегледниот монитор на мак сцената. Реприза на емисијата
следете во понеделник во 20:00.
Теона Христовска
Теона е ивршен продуцент и реализатор на голем дел од програмата
на 106-ка секој ден. Нејзиниот музички избор го слушате во терминот
помеѓу 10:00 и 16:00 часот, но и во други термини.
|
|
|