|
|
CACATUA
TOP 20
(Презентирано од Cacatua Urban Look)
Ова е официјална топ листа на 106-ка на 20-те напопуларни хитови.
Најстарата неделна радио топ листа во земјата! Македонска радио
историја и наследство во создавање. Тоа е повеќедецениска енциклопедија
на нашиот музички вкус, енергично патување низ најдобрата нова музика
- прецизно рангирана според популарноста кај нас. Топ листата е
во продукција на Милан Ризвановиќ, кој и ја води. Премиерно се емитува
во сабота со старт во 19:00 часот кај нас, а потоа и на повеќе македонски
радио станици.
Еве го последното
издание:
1.670. издание, емитувано на 21. март 2026:
20. ELLA LANGLEY - LOVING LIFE AGAIN
19. JACK SAVORETTI F. MILES KANE - DO IT FOR LOVE
18. BANNERS - MY EMPIRE
17. FLO - LEAK IT
16. ZAYN - DIE FOR ME
15. U2 - SONG OF THE FUTURE
14. SHAKIRA & BEELE - ALGO TU
13. TAKE THAT - YOU'RE A SUPERSTAR
12. BAKERMAT F. TOBY GAD - PLAYING WITH FIRE
11. MUSE - BE WITH YOU
10. BTS - SWIM
09. LOREEN - WILDFIRE
08. LEONY & CALUM SCOTT - STAY
07. LILLY WOOD AND THE PRICK - DARK BLUE
06. BELLA KAY - I LOVE IT I LOVE IT I LOVE IT
05. PAROV STELAR - ARTIFACT
04. CHARLOTTE CARDIN - THE WAY WE TOUCH
03. SUPER-HI F. GABRIELLE APLIN - SOMEBODY
02. THE PUSSYCAT DOLLS - CLUB SONG
01. THE GOO GOO DOLLS - MISERY
(Втора недела на врвот)
Новитети за оваа недела:
FLO - LEAK IT
BTS - SWIM
ELLA LANGLEY - LOVING LIFE AGAIN
LEONY & CALUM SCOTT - STAY
MUSE - BE WITH YOU
SUPER-HI F. GABRIELLE APLIN - SOMEBODY
TAKE THAT - YOU'RE A SUPERSTAR
BELLA KAY - I LOVE IT I LOVE IT I LOVE IT
СЛУШАЈ ГО ПОСЛЕДНОТО
ИЗДАНИЕ СЕГА!
Доколку
сакате и вашите фаворити да најдат место меѓу врвните 20 на 106-ка,
гласајте на [email protected]! Гласајте за било која песна без
разлика дали ја има на топ листата или не. Mожете претходно да
ја разгледате плеј листата на 106ка,
и од неа да одберете песна (или повеќе) за која мислите дека треба
да ја има на Cacatua Top 20.
СЛУШАЈ ГИ МИНАТИТЕ ИЗДАНИЈА
НА КАКАДУ ТОП 20!
SUGAR RADIO SHOW
Шеќерното Радио Шоу претставено од Robin Schulz ви ги донесува неговите
омилени песни, најнови изданија и класични хитови еднаш неделно
во едночасовен микс. Robin Schulz првпат се најде на врвот на светските
топ листи со неговиот познат ремикс на Waves во соработка со Mr.
Probz и го постигна својот пробив со глобалниот хит Prayer in C
заедно со Lilly Wood & The Prick! Надоврзувајќи се на неговиот
уникатен спој на хаус, електро и поп, диџејот и продуцентот од Оснабрик
во меѓувреме се етаблира како најуспешниот музички извоз од Германија
во изминатите две децении во рекордно време. Слушајте го Sugar Radio
Show во вторник во 20:00 часот.
MUSIC
WEEK
Во недела по 18:00 часот започнува вашиот неделен водич низ светската
музичка сцена. Секоја недела ги презентираме најновите музички изданија,
најважните вести и ексклузивни информации за се што се случувало
во светот на музиката во изминатите 7 дена. Низ емисијата заедно
со вас е Милан, а техничката реализација е на Кочо Христовски, Теона
Христовска, Кире Христовски и Милан Ризвановиќ.
HAPPY
WEEKEND
Викендот има свој ритам... Тоа е најсреќниот ритам на радио! Happy
Weekend се емитува секоја сабота и недела од 07:00 до 11:00 часот,
а ги содржи скоро истите информации како и во утринското шоу на
106-ка но прилагодени за викендот со многу повеќе информации од
светот на шоу бизнисот, модата, културата, ѕвездени вести, трендови...
Низ емисијата ве води Билјана, а техничката реализација е на Кочо
Христовски, Теона Христовска, Кире Христовски и Милан Ризвановиќ.
ПЛАНЕТА
106
Се емитува секоја сабота и недела од 11:00 до 15:00 часот. Овде
зборуваме за најновите откритија што го менуваат животот и светот,
за глобалните бизнис движења и по некоја локална успешна приказна.
Покрај новите хитови и класиките, слушате интересни информации
од сферата на медицината, науката, интернетот, бизнис информации.
Се што е актуелно, паметно и интересно... Планета 106 е местото
каде што музиката се среќава со глобалните движења. Водители на
емисијата се Кире Христовски и Милан Ризвановиќ, а техничката
реализација е на Кочо Христовски, Теона Христовска, Кире Христовски
и Милан Ризвановиќ.
106
TREASURES
Како што самиот наслов на терминот вели ова се златните хитови
низ музичката историја. Песни кои ја создавале историјата на популарната
музика од 50-тите па наваму, многу од нив и заборавени хитови
кои, како и новата музика чесо пати се големо освежување на радио.
Тоа се богатствата на 106-ка. Терминот е во недела од 16:00 до
18:00 часот. Емисијата е во реализација Теона Христовска и Кире
Христовски.
ПОП
МОНИТОР
Ова е долгогодишна емисија целосно посветена на македонската музичка
сцена и значи за најпрегледниот монитор на мак сцената. Секоја
недела од 15:00 часот следете ја емисијата што ја следи и ја слави
македонската музика. Автор и водител е Стефан Димитровски, а продуцент
е Кире Христовски. Ги слушате најголемите македонски хитови некогаш
и сега, во комбинација со информации за актуелните настани на
сцената, албумски рецензии, потсетување на настани од македонската
музичка историја и дргуи содржини.
BEATBOX
Секоја среда од 20:00 до 22:00 часот, емисија низ која слушате
миксови со електронска, хип хоп и р&б музика. Миксаат најдобрите
битолски, македонски но и диџеи од странство. Добредојдени се
и сите ваши миксови. Доколку сакате да бидат презентирани во
емисијата, праќајте ги во физичка форма (CD) на Крушевска 6
Г, 7 000 Битола, доставете ги директно во нашите студија или
пратете линк за превземање од интернет на [email protected].
Продуцент и реализатор е Милан Ризвановиќ.
|
|
|