.


.









 

Oва е тимот на вашиот музички лидер:

Билјана Кулевска

Билјана е со вас секој викенд во Happy Weekend во сабота и во недела од 07 до 11 часот. Билјана работи и во Завод Музеј и Галерија во Битола.

Маја Кузмановска
Со Маја се дружите секој работен ден од 07 до 10 часот во утринското Breakfast Show! Како водителка се јавува и во Планета 106 секоја сабота и недела од 11 до 15 часот.

Кире Христовски
Кире е сопственик и Директор на Радио 106, а покрај тоа тој е и продуцент и водител со долгогодишно искуство. Тој е еден од продуцентите на Breakfast Show, Утрински Експрес, Поп Монитор, Happy Weekend, 106 Treasures како и на повеќе секојдневни рубрики на 106-ка.

Маријан Христовски
Маријан е продуцент и маркетинг менаџер на Радио 106. Како извршен продуцент се јавува во Поп Монитор, Планета 106, Breakfast Show, Music In Control и Happy Weekend.

Милан Ризвановиќ (Milan Variable)
Милан е Главен и Одговорен Уредник, продуцент и водител во 106-ка. Како продуцент/водител се јавува во Radio Active, Cacatua Top 20, Планета 106, Music Week, Утрински Експрес, како и на повеќе секојдневни рубрики. Работи и како DJ со настапи ширум Македонија.

Веле Крстевски
Веле е еден од продуцентите на, Планета 106, Music In Control и Happy Weekend.

Зоран Мишевски
Зоран е познат спортски новинар кој покрај ангажманите во други медиуми, на 106ка е уредник и презентер на спортските вести. Спортските вести секојдневно се емитуваат по пет пати.

Коче Христовски
Коче е еден од продуцентите на Радио 106, кој ја уредува ноќната и утринската програма на 106ка. Коче е еден од продуцентите на Спортските Вести, Утринскиот Експрес, Поп Монитор и други делови од програмата на музичкиот лидер.

Христијан Ѓаковски (Ricardo Hernandez)
Христијан е продуцент на емисијата World Beat, а со вас е и во саботното издание на Планета 106. Работи и како DJ со настапи ширум Македонија.

Стефан Димитровски
Стефан го слушате секоја недела од 15 до 16 часот во Поп Монитор, емисијата посветена на македонската музичка сцена.

 







.


.
© made by BitolskaSema.com.mk team